Со одржување на вечерната богослужба во Храм „Св.Троица“ со која сослужуваа свештеници од Радовишкото архиерејско намесништво – Брегалничката епархија, започна чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.
Веднаш потоа со иконата на Светиот великомаченик Спасо Радовишки беше организирана вечерна Литија од Храм „Св.Троица“ до плоштадот „Св.Спасо Радовишки“.
Во неделата беше одржана Света литургија во Храм „Св.Троица“ со која исто така сослужуваа свештеници од Радовишкото архиерејско намесништво – Брегалничката епархија.
Оваа година во склоп на чествувањето на патронот Св.Спасо Радовишки, беше организирана и манифестацијата „Меден Радовиш“.