По повод 20-ти мај „Денот на пчелата“ ЗП „Радовишка Пчела“ организираше пригоден настан на Плоштадот Св. Спасо Радовишки со претставување на бенефитите од консумирање на пчелните производи во центарот на градот заедно со радовишани беше одбележан Светскиот ден на пчелата.
Секоја година на 20 мај, се одбележува светскиот ден на пчелите, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.
Пчелите и другите запрашувачи (поленатори) се повеќе се загрозени од активностите на човекот.