Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш и врз основа на член 9 од Правилникот за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1656/1 од 17.10.2018 год., по распишаниот јавен конкурс бр.09-1751/1 од 15.11.2022год. и записник бр. 25-1751/3 од 23.12.2022 год. со ранг-листа, доставен од страна на Комисијата за пријавените кандидати за стипендирање на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/23 год., Градоначалникот на општина Радовиш донесува
О Д Л У К А
за доделување на стипендии на ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/2023 год.
Член 1
Општина Радовиш доделува 16 (шеснаесет) стипендии за учебната 2022/2023 година, на следните ученици од основното образование :
VI одделение
- Илија Чурулинов, ООУ Никола Карев………………….…….. освоени 96 бодови
- Лука Здравев, ООУ Никола Карев …………………………..…. освоени 77 бодови
- Лука Трпчев, ООУ Никола Карев ……………………………..…. oсвоени 68 бодови
- Розита Јованова, ООУ Никола Карев ……………………..….… oсвоени 66 бодови
VII одделение
- Невена Јованова, ООУ Никола Карев ………………………….. освоени 90 бодови
- Филип Коцев, ООУ Крсте П.Мисирков………………….……. освоени 86 бодови
- Габриела Вучкова, ООУ Крсте П.Мисирков ………..…….. oсвоени 81 бодови
- Борис Василев, ООУ Никола Карев …………………………….… oсвоени 76 бодови
VIII одделение
- Елена Петрушева, ООУ Крсте П.Мисирков …………..…. освоени 78 бодови
- Деспина Гинова, ООУ Никола Карев ……………………….… oсвоени 72 бодови
- Јана Јованова, ООУ Крсте П.Мисирков………………………… освоени 72 бодови
- Теодор Ефтимов, ООУ Крсте П.Мисирков…………………. oсвоени 70 бодови
IX одделение
- Елена Ѓоргичкова, ООУ Никола Карев …………….……..…. освоени 98 бодови
- Ана Марија Ѓоргиева, ООУ Крсте П.Мисирков…………… освоени 93 бодови
- Кирил Димовски, ООУ Крсте П.Мисирков …………….….. oсвоени 84 бодови
- Атанас Ѓоргиев, ООУ Крсте П.Мисирков ……………….….. oсвоени 77 бодови
Член 2
Висината на стипендијата за основното образование изнесува 2.500 (две илјади и петстотини) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно почнувајки од Септември, а завршува заклучно со месец Мај.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 3
Општина Радовиш доделува 5 (пет) стипендии за учебната 2022/2023 година на следните ученици од средното образование :
СОУ Коста Сусинов, Радовиш
I-ва година
- Ивона Камчева (ООУ Крсте П.Мисирков) ……………….…… освоени 81 бодови
- Матеј Цветковски (ООУ Никола Карев) ……….…………. освоени 128 бодови
II-ра година
- Матеја Димитриева …………………………………………………………. освоени 70 бодови
III-та година
- Деница Трајанова………………………………………………………… освоени 73бодови
IV-та година
- Сара Серафимовска …………………………………………………….. освоени 62 бодови
Член 4
Висината на стипендијата за средното образование изнесува 3.000 (три илјади) денари, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно почнувајки од Септември, а завршува заклучно со месец Мај.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 5
Општина Радовиш доделува 5 (пет) стипендии – по основ на социјален карактер, за учебната 2022/2023 година, на следните ученици од основно и средно образование:
- Верица Поцева, III год. – СОУ Коста Сусинов
- Офелија Јованова, VI одд. – ООУ Кирил и Методиј
- Илкнур Зуберова, VIII одд. – ООУ Крсте П.Мисирков
- Христина Стојанова, IX одд. – ООУ Коста Рацин
- Столе Илиев, IX одд. – ООУ Коста Рацин
Член 6
Висината на стипендиите по основ на социјален карактер е 2.500 (две илјади и петстотини) денари за ученици во основното образование и 3.000 (три илјади) денари за ученици во средното образование, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно почнувајки од Септември, а завршува заклучно со месец Мај.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 7
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.
Незадоволните кандидати имаат право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на донесувањето на Одлуката на Градоначалникот на општина Радовиш.
Изготвиле : Спасија Ефнушева
Борче Панов
Одобрил : Игор Чапов
26.12.2022 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Ацо Ристов