Согласно член 52 од Законот за административни службеници (Сл. Весник на РМ бр.27/14,199/14,48/15,154/15,5/16 и 142/16 , 11/18 и Сл.весник на РСМ бр.275/19,14/20,215/21 , 99/22 и 208/24 ) ,Секретарот на Општина Радовиш донесува:
О Д Л У К А
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас број 1/2025
- Кандидатот Спасија Ефнушева се избира за унапредување на работното место-УПР0101Б04000 Раководител на Одделение за буџетска координација во Одделението за буџетска координација/Сектор за финансиски прашања во Општина Радовиш.
- Оваа одлука ќе биде објавена на веб страната на Општина Радовиш.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
-Општина Радовиш објави интерен оглас број 1/2025 (архивски број 04-490/1 од 25.03.2025 година) за пополнување на погоренаведеното слободно работно место преку унапредување.
-Од извршениот увид во Записник од извршена административна селекција за интерен оглас број 04-490/8 од 02.05.2025 година составен од Комисијата за селекција за унапредување се констатира дека за погоренаведеното работно место административната селекција ја поминале двајца кандидати ( Спасија Ефнушева и Сашка Арсова) со освоени по 13,55 бодови во прва фаза од селекцијата .
-Од извршениот увид во Записник од работата на комисијата за селекција за унапредување на административен службеник заради спроведување на интервју број 04-490/10 од 05.05.2025 година се констатира дека избраниот кандидат Спасија Ефнушева освоила 24 бодови од спроведеното интервју а кандидатот Сашка Арсова освоила 22 бодови од спроведеното интервју.
-Од извршениот увид во финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прворангирани кандидати се констатира дека кандидатот Спасија Ефнушева како прворангирана со вкупно освоени 37,55 бодови се предлага за унапредување на работно место –Раководител на Одделение за буџетска координација.
-Од тие причини се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука согласно член 52 од Законот за административни службеници.
Поука за правно средство: Против оваа Одлука е дозволена жалба во рок од 8 дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш до Агенцијата за администрација.
составил/
контролирал/Петар Поп-Лазаров
С е к р е т а р ,
Љупче Почивалец
Одлука за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас