Во склоп на одбележувањето на патронот на градот „Св. Спасо Радовишки“, оваа година под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанстово и општина Радовиш, во Радовиш за прв пат се организираше Манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“.
Манифестацијата започна на во Петок на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ со поздравно обраќање на Градоначалникот Ацо Ристов кој истакна дека со гордост можеме да кажеме дека пчеларството во општина Радовиш бележи нагорен тренд. Истата продолжи со културно-уметничка програма, завршувајќи со концерт на бендот Троја. Во Саботата, со оглед на лошите временски услови, манифестацијата генерално се одвиваше преку промоција и продажба на локалните производители.
На манифестацијата учество зедоа повеќе радовишки производители на мед и други пчелни прозиводи, што беше доказ дека пчеларството станува семеен бизнис со традиција и се поголем број млади луѓе се одлучуваат да влезат во оваа фела.