Советот на општина Радовиш денес ја работеше 21 итна седница.
Образложението за итноста на оваа седница на почетокот го објасни Претседателката на Советот Моника Трајанова, по што се продолжи со Дневниот ред кој беше за оваа седница.
На седницата Советниците имаа можност да донесат одлука за Статут на Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕЛРАД Радовиш, и Предлог одлука за одобрување на Основачкиот Извештај во Акционерското друштво ЕЛРАД Радовиш.