Врз основа на член 29 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02) и донесената Годишна програма за изработка на урбанистички планови на Општина Радовиш за 2025 год. со Одлука бр.08-789/1 од 29.05.2025година, од Советот на Општина Радовиш , Градоначлникот на Општина Радовиш го доставува следниот:
ОПШТ ЈАВЕН ПОВИК
За организирање на повторна јавна презентација и јавна анкета
По изготвен
ДУП за дел од урбан блок 21 (плански период 2022-2027),
Нацрт план, КО Радовиш и КО Радовиш вон град , Општина Радовиш
Граници на планскиот опфат е формиран по следните граници:
-На исток се движи по граница на КП 813/2, па ја сече КП 848/3, КП 647, КП 640/2, се
движи по граница на КП 647;
– На југ се движи по граница на КП 640/2, КП 640/3, КП 640/1, КП 244, КП 245, КП 327, па
ја сече КП 568, КП 328, КП 329;
– На запад се движи по осовина на ул. Коха Баир согласно Измена и дополна на ГУП на
Град Радовиш (2009-2019), донесен со Одлука бр.07-261/1 од 31.01.2012 год.
– На север се движи по граница на Измена и дополна на ГУП на Град Радовиш (2009 –
2019), донесен со Одлука бр.07-261/1 од 31.01.2012 год., односно граница на КП 568, КП
221/3, КП 221/1, КП 221/2, КП 223/1, КП 811/2, КП 813/2, па ја сече КП 232.
Во планската програма дефиниран е планскиот опфат кој е прикажан на графички прилог.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 3.017 ха.
Согласно законската регулатива од областа на урбанистичко планрање, јавниот повик за одржување на повторна јавната анкета и јавната презентација по изготвен Детален урбанистички план за дел од урбан блок 21 (плански период 2022-2027),Нацрт план, КО Радовиш и КО Радовиш вон град , Општина Радовиш ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/), се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Јавниот повик за спроведување на Јавна анкета и јавна презентација ќе трае петнаесет дена.
Јавната анкета и јавната презентација по Детален урбанистички план за дел од урбан блок 21 (плански период 2022-2027),Нацрт план, КО Радовиш и КО Радовиш вон град, Општина Радовиш ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во информацискиот систем е – урбанизам, печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациската табла на Општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае 31 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 01.10.2025г. до 31.10.2025г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 24.10.2025г. во 11:00 часот во простории на Општина Радовиш. Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
Марија Илиева
Сузана Ѓоргиева
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов