Почитувани,
Би сакале да Ве известиме дека Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот „Бизнис екосистем како интегриран систем – БИ ИН“ , финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија, организира КАМП ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ИНОВАЦИИ ЗА МЛАДИ кој ќе се одржи од 26 септември – 2 октомври 2022 во Дојран.
Условите за учество во Кампот се лицата да бидат на возраст од 18-29 години и да се жители на Југоисточниот регион. Право на учество ќе имаат 19 лица кои ќе го пополнат електронскиот формулар за пријавување на кампот (Онлајн формулар за пријавување на кандидати) и тоа селекцијата на заинтересираните кандидати ќе биде направена според квалитетот и иновативноста на одговорите за деловната идеја, областа во која сакаат да работат или проблемот што сакаат да го решат.
Кампот за претприемништво и иновации за млади 2022 овозможува развој на специфични вештини непоходни за основање на сопствен бизнис. Учесниците ќе имаат можност да научат за претприемништвото и иновативните деловни практики, да ги унапредат своите претприемачки вештини и да развијат соодветен деловен план преку практична и интерактивна програма, да учат од искусни ментори и успешни претприемачи и да добијат соодветни совети и препораки како да ја развијат својата деловна идеја.
По завршувањето на кампот, како поддршка за понатамошен деловен развој, сите учесници ќе добијат подарок Книга за претприемништво, а најдобрите од нив ќе имаат можност бесплатно да го користат Заедничкиот работен простор кој се наоѓа во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во Струмица.
Со цел поголема информираност за можноста за млади, во прилог Ви го испраќаме и линкот од повикот за споделување на Вашите социјални мрежи.
Линк од повик: Камп за претприемништво и иновации – Web објава / Камп за претприемништво и иновации – Faceobook објава
Рокот за пријавување е најдоцна до 20 септември 2022 година.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.
Со почит,