ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш, Општина Радовиш
До : Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид, инвеститор EВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје
Предмет : ПОТВРДА за заверка на Урбанистички Проект
Врска : Наш број 26 – 739/1 од 22.05.2025 год., постапка бр.69634
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш, Општина Радовиш, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид, со тех.број Е-223/24-у.п. од 11.2024 година.
Врз основа на член 58, став 2, од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 101/25), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш, Општина Радовиш, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид, со тех.број Е-223/24-у.п. од 11.2024 година.
О б р а з л о ж е н и е
Инвеститорот EВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје со седиште на ул.„Лазар Личеноски“ бр.11 Скопје, ЕМБС 5933773 и управител Јирген Флајшхакер од Австрија, со полномошно дадено на Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид со седиште на ул.„Момчило Јорданоски“ бр.149 Охрид, поднесе барање за издавање на Потврда за заверка на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш, Општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш, Општина Радовиш, изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид, со тех.број Е-223/24-у.п. од 11.2024 година.
Доставена е следната документација:
– Полномошно на ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид од ЕВН Македонија АД Скопје со УЗП бр.453/2025 од 16.01.2025 год.;
– Проектна Програма изработена од ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид со тех.бр.Е-223/24-у.п.од 11.2024 год.;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога за Основен проект за Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш,Општина Радовиш изработен од ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид со тех.бр.Е-223/24-у.п.од 11.2024год.;
– Извод од ГУП со бр. 26-672/2 за КП 4171/1 и КП 4049/1 КО Радовиш – општина Радовиш издаден од Сектор за Урбанизам, Комунални работи, Заштита на Животната средина и Локален економски развој при о.Радовиш;
– Извештај за извршена стручна ревизија на Урбанистички Проект за Инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш, Општина Радовиш со тех. Бр. Е-223/24-уп од 11.2024 година, изработен од Друштво за проектирање, инжинеринг, консалтинг „Џон и Џони“ ДОО Прилеп со тех.бр.93/25.
– Податоци, информации, мислење од:
- Агенција за катастар на недвижности
- Агенција за цивилно воздухопловство
- Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш
- Македонски Телеком АД Скопје
- Министерство за култура
- ЕВН издавање податоци и мислење планови
- НОМАГАС АД Скопје.
- Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба: Новопланиран СН10(20)кV кабелски подземен вод од кабелска спојница на КП 4049/1 до кабелска спојница на КП 4171/1 во КО Радовиш,Општина Радовиш во PDF и DW, изработен од ЕЛЕКТРО ДИЗАЈН ДООЕЛ Охрид со тех.бр.Е-223/24-у.п.од 11.2024 год.
Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на Урбанистички Проект.
Со почит,
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов