ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш
До: Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, инвеститор: Дејан Ристов од с.Ињево, Радовиш
Предмет: ПОТВРДА за заверка на одобрен урбанистички проект
Врска: Наш брoj 09-892/1 од 25.06.2025 година, постапка бр.72612
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 040-1504/2025 од Јули 2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 0.61 ха.
Врз основа на член 63 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 040-1504/2025 од Јули 2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 0.61 ха.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателот Дејан Ристов со адреса во с.Ињево Општина Радовиш со Полномошно бр.УЗП 539/2025 од 27.02.2025 година дадено на Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица со управител Томе Тимов од Струмица потврдено од Нотар Снежана Михаилова од Струмица, поднесе барање за издавање потврда за заверка на Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 040-1504/2025 од Јули 2025 год.
Одобрен е Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 040-1504/2025 од Јули 2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 0.61 ха.
Доставена е следната документација:
– Полномошно на Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица. потврдено од Нотар Снежана Михаилова од Струмица со бр.УЗП 593/2025 од 27.02.2025 год.;
– Проектна Програма од инвеститор Дејан Ристов од с. Ињево, општина Радовиш, изработена од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица. со тех.бр. 040-1504/2025 од 07.2025 год.;
– Извод од УПС Ињево, за градежна парцела бр. ГП = КП 7347, со бр. 26-187/2 од 25. 05.2025 год, издаден од надлежен орган;
– Доказ за сопственост – имотен лист бр.1675 на КП 7347 КО Ињево, во општина Радовиш, на Дејан Ристов од Ињево, издадени од АКН;
– Изјава од сосед Звонко Крстев од с.Ињево за согласност, заверена кај Нотар Стевица Јанев од Струмица со бр.УЗП 2557/2025 од 23.04.2025 год.;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога, за парцелација на градежни парцели на КП 7347 КО Ињево, вo pdf и dwg, изработен од ДГР ГЕОМ-КОМПАНИ ДОО Радовиш, со бр.08-74/4 од 08.04.2025 год.;
– Електронска заверка на Геодетски Елаборат бр. 08-75/4 од 08.04.2025 г.;
– Ажурирана геодетска подлога со граници на проектен опфат за КП 7347 КО Ињево;
– Проектна програма за Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш со тех.бр. 040-1504/2025 од 06.2025 год, изработена зa дa се изврши препарцелација на катастарскита парцела КП 7347 и формирање на две градежни парцели, ГП со намена А1.5, во согласност со потребите на инвеститорот;
– Позитивно мислење за Проектна програма за Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш бр.26-892/2 од 16.07.2025 год.од комисија за урбанизам;
– Потврда од АКН од 06.08.2025 г. дека Урбанистичкиот проект за формирање на две градежни парцели, со намена А1.5, постапка 72612, го исполнува квалитетот од тематски и тополошки аспект;
– Стручна Ревизија за Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш. со тех.бр. 03-248/2025 од 07.2025 год. изработен од ДПТУИ ИДЕА – консалдинг ДООЕЛ Струмица;
– Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели со намена А1.5 – Куќи во состав на селски стопански двор на КП 7347 КО Ињево, општина Радовиш со тех.бр. 040-1504/2025 од 07.2025 год, изработена од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица.
– Записник бр.26-892/4 од 13.08.2025г.;
– Позитивно мислење за УП бр.26-892/4 од 18.08.2025г.;
– Одлука за позитивно мислење бр.08-1148/1 од 29.08.2025 година донесена од Совет на општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов