РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА РАДОВИШ
Бр. 26-717/2
од: 09.06.2023 г.
ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш
До : Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, инвеститор „Сончева Долина“ ДООЕЛ Струмица
Предмет : ПОТВРДА за заверка на одобрен Урбанистички проект
Врска : Наш број 26-717/1 од 07.04.2023г., постапка бр.51222
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 023-0109/2022 од Март 2023 година.
Врз основа на член 58, став 6, од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 32/2020), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 023-0109/2022 од Март 2023 година.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателот „Сончева Долина“ ДООЕЛ Струмица со седиште на ул.„11ти Октомври“ бр.5/21 Струмуца, со полномошно на Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица со управител Томе Тимов, потврдено од Нотар Стевица Јанева со УЗП бр.6268/2022 од 19.09.2022 во Струмица поднесе барање за издавање на Потврда за заверка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица (опишана во имотен лист бр.51917 во сопственост на ДПТ Сончева Долина ДООЕЛ Струмица), Општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 023-0109/2022 од Март 2023 година и доставена е следната документација:
– Полномошно од„Сончева Долина“ ДООЕЛ Струмица со седиште на ул.„11ти Октомври“ бр.5/21 Струмуца, управител Васе Василев потврдено од Нотар Стевица Јанева со УЗП бр.6268/2022 од 19.09.2022 во Струмица;
– Проектна Програма изработена од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 023-0109/2022 од Септември 2022 година;
– Потврда – Решение за одобрена Проектна Програма од општина Радовиш со бр. 09-1707/3 од 14.11.2022 год;
– Услови за планирање на простор изработен од Агенција за планирање на простор со тех.бр. Y58722 од 01.2023 год;
– Решение за услови за планирање на просторот од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх.бр.УП1-15 75/2023 од 10.02.2023год;
– Доказ за сопственост- имотен лист бр.51917 издаден од АКН РСМ;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени Ажурирана геодетска подлога, за КО Калугерица изработен од ТДГР ГЕОДЕТ ДООЕЛ Радовиш со дел.бр.08-279/4 од 29.08.2022 год.;
– Мислење за утврдена состојба – на УП – намена Е1.13 од АКН од 05.04.2023 год. дека е исполнет квалитетот од тематски и типолошки аспект;
– Извештај за извршена Стручна Ревизија на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена Е1.13 – изработен од Друштво за производство, трговија, услуги и инженеринг ИДЕА-КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, тех. бр. 03-68/23 од 03.2023 г.;
– Податоци, информации, мислење од: Национални Енергетски Ресурси Скопје; АД МЕПСО; ЈП Плаваја Радовиш; А1-Македонија; Македонски Телеком АД Скопје; АЕК – Скопје; Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје; Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш; МЗШВ Скопје; Министерство за Култура Скопје.
– Известување за јавен увид бр.26-717/ од 08.05.2023г.;
– Записник од одржан јавен увид бр.09-717/3 од 31.05.2023г.;
– Позитивно мислење за УП бр.09-717/3 од 01.06.2023г.;
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш.
Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Со почит,
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов