ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш
До : Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, инвеститор Општина Радовиш
Предмет : ПОТВРДА за заверка на одобрен Урбанистички проект
Врска : Наш број 26-903/1 од 09.07.2024г., постапка бр.63394
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 129/2023-У од Октомври 2024 година.
Врз основа на член 58, став 6, од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 32/2020), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 129/2023-У од 10.2024 година.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателот ЕЛС Општина Радовиш со ЕМБС 6027741 и седиште на бул.„Александар Македонски“ бр.7 Радовиш застапувана од Градоначалник Ацо Ристов, со полномошно на Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД со ЕМБС 5209790 со седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш и управител Јован Костадинов, со бр.03-10/30 од 04.03.2024 година, поднесе барање за издавање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 129/2023-У од Октомври 2024 година и доставена е следната документација:
– Полномошно на ДГТИ ДОМИНГ ЈТД Радовиш од ЕЛС Општина Радовиш со бр.03-10/30 од 04.03.2024 год.
– Проектна Програма изработена од ДГТИ ДОМИНГ ЈТД Радовиш со тех.бр. 129/2023 -У од 03.2024год
– Услови за планирање на просторот со тех.бр.Y13624 од 04.2024г.
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога за Основен проект за изградба на инфраструктура за Градски Рекреативен Парк “Канлиева Воденица” на Радовишка Река, Општина Радовиш, изработен од ТДГР ГЕОДЕТ ДООЕЛ Радовиш, со бр. 08-410/4 од 20.11.2023 год.
– Извод од ГУП на град Радовиш, со бр. 26-08-427/2 од 21.07.2023 год. издаден од надлежен орган.
– Извештај за извршена Стручна Ревизија на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш со тех.бр.0901-585/24 од 12.2024, изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш, со тех.бр. 129/2023 -У од 10.2024год.
Податоци, информации, мислење од:
– Агенција за цивилно воздухопловство;
– Македонски Телеком АД Скопје;
– Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје;
– АД МЕПСО;
– Министерство за култура;
– Министерство за внатрешни работи;
– Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш;
– ЈП Плаваја Радовиш.
– Известување за јавен увид бр.26-903/6 од 11.12.2024г.;
– Записник од одржан јавен увид бр.26-903/8 од 27.12.2024г.;
– Позитивно мислење за УП бр.26-903/9 од 27.12.2024г.;
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 129/2023-У од 10.2024 година.
Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Со почит,
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов