ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш
До : Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, Инвеститор Славчо Ефтимов од с.Ињево Општина Радовиш
Предмет : ПОТВРДА за заверка на одобрен Урбанистички проект
Врска : Наш број 26 – 1655/1 од 22.11.2024 год., постапка бр.66033
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 064-0410/2024 од 10.2024 година.
Врз основа на член 58, став 2, од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/01, 04/02, 05/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 123/13 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.215/21 и 154/23), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 064-0410/2024 од 10.2024 година.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателот Славчо Ефтимов со адреса во с.Ињево Општина Радовиш, со полномошно на ДПГИ Вектор 90 Томе ДООЕЛ Струмица со управител Томе Тимов, потврдено од Нотар Елена Милушева Сапунџиева со број УЗП 6526/2024 од 07.08.2024 во Струмица, поднесе барање за издавање на Потврда за заверка на Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш, изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, со тех.број 064-0410/2024 од 10.2024 година и доставена е следната документација:
– Полномошно на ДПГИ ВЕКТОР 90 Томе Струмица, од Славчо Ефтимов од с.Ињево, општина
Радовиш потврдено од Нотар Елена Милушева од Струмица со УЗП 6526/2024 од 07.08.2024 г.;
– Проектна Програма од инвеститор Славчо Ефтимов од с.Ињево oпштина Радовиш, изработена од ДПГИ ВЕКТОР 90 Томе Струмица, со тех.бр. 064-0410/2024 од 10.2024 г.;
– Извод од УПС Ињево, општина Радовиш со бр.26-08-734/2 од 15.10.2023 г., издаден од надлежен орган во ЕЛС општина Радовиш;
– Доказ за извршена уплата за Градежни такси за УП Ињево од 31.10.2024 година;
– Потврда од АКН дека Урбанистичкиот проект за формирање на градежна парцела, дека го исполнува квалитетот од тематски и тополошки аспект, од 31.10.2024 год.;
– Геодетски Елаборат за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога, за формирање на градежна парцела на КП 7325/1, и дел од КП 7325/3, и КП 7324, КО Ињево, изработен од ДГР ГЕМ-КОМПАНИ ДОО Радовиш, со бр.08-232/1 од 01.10.2024 год.;
– Ревизија на Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш, со тех.бр. 03-343/2024 од 10.2024 год. изработена од ДПТУИ Идеа – Консалтинг дооел Струмица;
– Позитивно мислење за УП бр.26-1655/2 од 06.12.2024г.;
– Урбанистички проект за разработување на урбанистички план за село за формирање градежна парцела на КП 7325/1, и делови од КП 7325/3 и КП 7324 КО Ињево, општина Радовиш, со тех.бр.064-0410/2024 од 10.2024 г. изработен од ДПГИ ВЕКТОР 90 Томе ДООЕЛ Струмица.
Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Со почит,
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов