ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш
До : Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, инвеститор Моника Трајанова
Предмет : ПОТВРДА за заверка на одобрен Урбанистички проект
Врска : Наш број 26-54/1 од 16.01.2025г., постапка бр.67953
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 128/2024-У од Јануари 2025 година.
Врз основа на член 58, став 6, од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 128/2024-У од 01.2025 година.
О б р а з л о ж е н и е
Инвеститорот Моника Трајанова со адреса на ул.„Исаро“ бр.8 Радовиш, со полномошно бр.УЗП 12292 од 22.10.2024 година дадено на Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД со ЕМБС 5209790 со седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш и управител Јован Костадинов, поднесе барање за издавање на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 128/2024-У од 01.2025 година, со површина на проектен опфат 4480 м2 и доставена е следната документација:
– Полномошно на ДГТИ ДОМИНГ ЈТД Радовиш од Моника Трајанова со УЗП бр.12292/2024 од 22.10.2024 год.;
– Проектна Програма изработена од ДГТИ ДОМИНГ ЈТД Радовиш со тех.бр. 128/2024 -У од 10.2024год.;
– Услови за планирање на просторот со тех.бр.Y45424 од 11.2024г.;
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога за Основен проект за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш, изработен од ДГТИ ДОМИНГ ЈТД Радовиш, со бр. 08-306/4 од 25.12.2024 год.;
– Согласност од УНИ Банка согласно одредбите од Договорот за залог врз недвижност – хипотека со број: 0306/20882-1/2024 од 26.12.2024 год.;
– Имотен лист со бр. 4476 за КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш издаден од агенција за катастар на недвижности со број: 1105-3877/2024 од 13.06.2024 година;
– Извештај за извршена Стручна Ревизија на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш со Тех.бр. 0901-55/25 од 02.2025 год. изработен од ДТУ БИЛД УРБАН ДООЕЛ Скопје.
Податоци, информации, мислење од:
– Агенција за катастар на недвижности;
– Агенција за цивилно воздухопловство;
– Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш;
– Македонски Телеком АД Скопје;
– Министерство за култура;
– ЕВН издавање податоци и мислење планови;
– НОМАГАС АД Скопје.
– Известување за јавен увид бр.26-54/4 од 17.02.2025г.;
– Записник од одржан јавен увид бр.26-54/7 од 10.03.2025г.;
– Позитивно мислење за УП бр.26-54/8 од 11.03.2025г.;
– Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – општина Радовиш, изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД, со тех.број 128/2024-У од 01.2025 година.
Градоначалникот на Општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
Со почит,
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов