ПОТВРДА ЗА ЗАВЕРКА НА ОДОБРЕН Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш
До: Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, инвеститор: ЕЛС Општина Радовиш
Предмет: ПОТВРДА за заверка на одобрен урбанистички проект
Врска: Наш брoj 26-699/1 од 18.08.2025 година, постапка бр. 73778
Почитувани,
Градоначалникот на Општина Радовиш, ја разгледа доставената дoкументација со барањето за заверка на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со тех.број 4072 од 08.2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 194.4 m2.
Врз основа на член 63 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), ја издава следната:
П О Т В Р Д А
Се издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со тех.број 4072 од 08.2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 194.4 m2.
О б р а з л о ж е н и е
Нарачателoт Општина Радовиш со седиште на бул.„Александар Македонски“ бр.7 Радовиш врз основа на Налог за работа бр.26-646/13 од 11.09.2024г. даден на ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со седиште на ул.„Народна младина“ бр.3 Кавадарци и управител Ката Петковска, поднесе барање за издавање на Потврда за заверка на Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш.
Одобрен е Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со тех.број 4072 од 08.2025 год., со површина на плански опфат на градежна парцела од 194.4 m2.
Доставена е следната документација:
– Налог за работа – Полномошно од општина Радовиш на Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, со бр. 26- 646/13 од 11.09.2024 год.;
– Проектна Програма од инвеститор општина Радовиш, изработена од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци. со тех.бр. 4072 од 08.2025 год, PDF i DWG, градежни парцели со намена А1.3 – куќи во низ, изработена зa дa се изврши препарцелација на четири градежни парцели и формирање на три градежни парцели, во согласност со потребите на инвеститорот;
– Извод од ДУП дел од УБ 15 во Радовиш, за градежна парцела бр. ГП Ѓ4 (КП бр.3829/1), со бр. 26-08-5802/2 од 03.12.2024 год, издаден од надлежен орган;
– Извод од ДУП дел од УБ 15 во Радовиш, за градежна парцела бр. ГП Ѓ5 (КП бр.3829/3), со бр. 26-801/2 од 03.12.2024 год, издаден од надлежен орган;
– Извод од ДУП дел од УБ 15 во Радовиш, за градежна парцела бр. ГП Ѓ3 (КП бр.3829/1), со бр. 26-08-803/2 од 03.12.2024 год., издаден од надлежен орган;
– Извод од ДУП дел од УБ 15 во Радовиш, за градежна парцела бр. ГП Ѓ6 (КП бр.3829/1), со бр. 26-800/2 од 03.12.2024 год, издаден од надлежен орган;
– Доказ за сопственост – имотен лист бр.8888 на КП КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3 КО Радовиш, сопственост на РСМ, издадени од АКН.
– Геодетски Елаборат за геодетски работи за посебни намени за Ажурирана геодетска подлога, за парцелација на градежни парцели на (КП бр.3829/1 и КП бр.3829/3) КО Радовиш, вo pdf i dwg, изработен од ТД Г Р ГЕОМЕР ПЛУС ДОО Делчево, со бр.08-212/6 од 22.06.2023 год.;
– Електронска заверка на Геодетски Елаборат со бр. 08-212/6 од 22.06.2023 г., од АКН бр.1110-20/2023 од 22.06.2023 г.;
– Ажурирана геодетска подлога со граници на проектен опфат за КП бр.3829/1 и КП бр.3829/3 КО Радовиш;
– Потврда од АКН РСМ од 26.08.2025год. дека Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3 КО Радовиш) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, исполнува квалитет од тематски и тополошки аспект;
– Извештај за извршена Стручна Ревизија Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3 КО Радовиш) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, со тех.бр. 03-275/25 од 08.2025 год, изработен од НИМАЕР- д.е. Скопје.
– Податоци, информации, мислење од: АЕК Скопје;
ЈПДП Скопје; АД МЕПСО;
Македонски Телеком АД Скопје;
Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје;
Дирекција за заштита и спасување ПО Радовиш;
ЈП Плаваја Радовиш.
– Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП Ѓ3, Ѓ4, Ѓ5 и Ѓ6 (КП бр.3829/1 и КП бр. 3829/3) во УБ „15“ УМ „А-Л“ во Радовиш, Општина Радовиш, PDF i DWG, со тех.бр.4072 од 08.2025 год, изработена од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
– Записник бр.26-699/3 од 05.09.2025г.;
– Позитивно мислење за УП бр.26-699/4 од 10.09.2025г.;
– Одлука за позитивно мислење бр.08-1217/1 од 25.09.2025 година донесена од Совет на општина Радовиш.
Градоначалникот на општина Радовиш, по разгледување на доставеното барање и приложената документација, согласно Закон за урбанистичко планирање издава Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов