Денес во просториите на Општина Радовиш се изврши официјалното примопредавање на функцијата градоначалник помеѓу досегашниот градоначалник Ацо Ристов и новоизбраниот градоначалник Љупче Почивалец.
Во пријатна и достоинствена атмосфера беше извршено предавањето на документацијата и обврските што ја следат оваа одговорна функција.
Ацо Ристов му посака успешна работа на новиот градоначалник, со надеж дека Општина Радовиш ќе продолжи да се развива во интерес на сите граѓани.
Љупче Почивалец се заблагодари за досегашната работа и истакна дека ќе ја води општината со посветеност, транспарентност и одговорност, со цел подобар и поквалитетен живот за сите радовишани.









