Дипломати и економски претставници од 17 земји имаа можност да се запознаат со проектот Зелена топлина кој се кофинансира од Европската унија во склоп на програмата Еу за општините, од Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Градоначалникот Ацо Ристов пред присутните гости го презентираше проектот истакнувајќи ги предностите кои ги овозможуваат обновливите извори на енергија во развојот на малите урбани заедници и создавањето на одржлив развој.
Посетата на Караванот беше можност Радовиш да го покаже својот иновативен пристап кон енергетската ефикасност и да ги зајакне дипломатските и економските врски со другите земји.
tags: #EU4m #GreenHeat
> https://eu4m.mk/
>https://www.facebook.com/EU4M.MK
>https://twitter.com/EU4M_mk
>https://www.instagram.com/eu4m.mk/