На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој изрази очекување голем број одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани.
„Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура не можеме да бараме и резултати. Значи многу е важно да ја имаме онаа базична, основна инфраструктура, согласно приоритетите на Владата и потоа и да очекуваме и да бараме резултати од оние коишто ќе ја користат оваа инфраструктура“, изјави Мицкоски.
Тој им честита на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш, но и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект.
Градоначалникот Ацо Ристов им се заблагодари на Министерот за спорт Борко Ристовски и Премиерот Мицкоски кои што имаа разбирање за поддршка на овој проект кој заврши за краток временски рок и сега спортистите и спортските работници ќе можат слободно да тренираат и ги одигруваат натпреварите во реконструираната спортска сала.