Традиционално и оваа година, општина Радовиш и Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, со пригодна програма го одбележуваат чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки.
Вчера се одржа “Вечерна богослужба” во Храмот Св. Троица, потоа од Храмот Св. Троица се продолжи со Литија низ градот до Плоштадот Св. Спасо Радовишки, каде пред параклисот на Св. Спасо Радовишки се одржа Моледбен. Потоа беше одржана Духовна програма со чалгиска музика на која присуствуваа голем број на граѓани.