Врз основа на чл.22, став 1, точка 8 од Законот за Локална самоуправа, чл. 43, став 1, од Статутот на општина Радовиш, Измена на Правилник за доделување на стипендии на талентирани ученици од основното и средното образование во општина Радовиш бр.08-1884/1 од 26.12.2023 год., а согласно Одлуката бр. 08-185/1 од 31.01.2025 год од Советот на општина Радовиш за прифаќање на Иницијативата бр.08-102/1 од 23.01.2025 год. за доделување на стипендии на ученици од основно образование и согласно Записник со ранг-листа, бр. 09-1648/2 од 31.12.2024 год. на Комисијата за доделување стипендии на општина Радовиш, Градоначалникот на општина Радовиш донесува,
Р Е Ш Е Н И Е
за доделување на дополнителни 11 (единаесет) стипендии на ученици во основното образование во Радовиш за учебната 2024/2025 год.
Член 1
Општина Радовиш дополнително доделува 11 (единаесет) стипендии – за учебната 2024/2025 година, на следните ученици во основното образование:
VI (шесто) одделение :
- Ѓорги Ташков, петторангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Ивона Ефтимова, шесторангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Ана Дамјанска, седморангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
VII (седмо) одделение :
- Матеј Анчевски, петторангиран ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Елена Митева, шесторангиран, ООУ „Никола Карев“
VIII (осмо) одделение :
- Анастасија Цветанова, петторангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Анастасија Илиева, шесторангиран, ООУ „Коста Рацин“
- Трајче Коцев, седморангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
IX (деветто) одделение :
- Христина Пранговска, петторангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Габриела Вучкова, шесторангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
- Леонид Ефтимов, седморангиран, ООУ „Крсте П.Мисирков“
Член 2
Висината на стипендиите е 2.500 (две илјади и петстотини) денари за ученици во основното образование, а се прима 9 (девет) месеци во текот на учебната година, односно од Октомври до Јуни – додека трае учебната година.
Општина Радовиш ќе склучи посебен Договор со секој корисник на стипендија.
Член 3
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави на web страната на општина Радовиш, како и на огласната табла на ЕЛС општина Радовиш.
Изготвил : Игор Чапов
Одобрил : Весна Конзулова
10.02.2025 год. Градоначалник на општина Радовиш
Радовиш Ацо Ристов