Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.57675 од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш, за одобрување Планска програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури и намени Д1, Д2 и Д3 – Парковско зеленило и градби за спорт и рекреација, КО Радовиш вонград, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури и намени Д1, Д2 и Д3 – Парковско зеленило и градби за спорт и рекреација, КО Радовиш вонград Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш со ЕМБС 5209790 и седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш со управител Јован Костадинов, за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Планска програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури и намени Д1, Д2 и Д3 – Парковско зеленило и градби за спорт и рекреација, КО Радовиш вонград Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Планска програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури и намени Д1, Д2 и Д3 – Парковско зеленило и градби за спорт и рекреација, КО Радовиш вонград Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 6,13 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1779/2 од 11.12.2023г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури и намени Д1, Д2 и Д3 – Парковско зеленило и градби за спорт и рекреација, КО Радовиш вонград Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 6,13 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури и намени Д1, Д2 и Д3 – Парковско зеленило и градби за спорт и рекреација, КО Радовиш вонград Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 6,13 ха, со тех.бр.129/2023-у од Декември 2023 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов