Општина РАДОВИШ
Бр.26-1500/5
од 04.01.2024год.
Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи во постапка во систем e-урбанизам бр.26-1500 по барањето поднесено од ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Кавадарци, за одобрување Планска програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од Блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со тех.бр.4009 од Декември 2023г. со површина на проектен опфат 10.4ха ,врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од Блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш,
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Кавадарци со адреса на ул.„Народна Младина“ бр.3 , Кавадарци за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Планска програма за Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од Блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со тех.бр.4009 од Декември 2023г.
Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Планска програма за изработка на за Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од Блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со тех.бр.4009 од Декември 2023г.
По разгледувањето на барањето, Комисијата за урбанизам констатира дека постапката може да продолжи и доставува Предлог за одобрување на планска програма бр.26-11500/4 од 29.12.2023г.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска програма за изработка на за Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од Блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со тех.бр.4009 од Декември 2023г. со површина на проектен опфат 10.4ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на парцели со намена Г2, дел од Блок 2 од УПС Подареш, Општина Радовиш, со тех.бр.4009 од Декември 2023г. со површина на проектен опфат 10.4ха, изработена од ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Кавадарци за инвеститор Општина Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов