Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.65853 од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – Oпштина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град
– Oпштина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш со ЕМБС 5209790 и седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш со управител Јован Костадинов, за инвеститор Моника Трајанова, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – Oпштина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 4482 м2 (0.45 ха).
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1679/2 од 05.12.2024г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 4482 м2 (0.45 ха), констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А1.5 – Станбени куќи во состав на селски стопански двор на КП 4155/2 и дел од КП 4157 КО Радовиш вон град – Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 4482 м2 (0.45 ха), со тех.бр.128/2024-У од Октомври 2024 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов