Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.60445 од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градби со намена Г4 – Складишта со компатибилни дејности на КП 874/1, 875, 876, 878, 900 КО Калуѓерица, Oпштина Радовиш., врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градби со намена Г4 – Складишта со компатибилни дејности на КП 874/1, 875, 876, 878, 900 КО Калуѓерица, Oпштина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 ДООЕЛ Струмица со ЕМБС 4826728 и седиште на ул.„Ленинова“ бр.12 Струмица со управител Томе Тимов, за инвеститор „Индијана“ ДООЕЛ Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градби со намена Г4 – Складишта со компатибилни дејности на КП 874/1, 875, 876, 878, 900 КО Калуѓерица, Oпштина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градби со намена Г4 – Складишта со компатибилни дејности на КП 874/1, 875, 876, 878, 900 КО Калуѓерица, Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 2,1083 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-510/3 од 12.08.2024г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градби со намена Г4 – Складишта со компатибилни дејности на КП 874/1, 875, 876, 878, 900 КО Калуѓерица, Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 2,1083 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градби со намена Г4 – Складишта со компатибилни дејности на КП 874/1, 875, 876, 878, 900 КО Калуѓерица, Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 21083,45 м2, со тех.бр.013-2802/2024 од Мај 2024 год. изработен од Друштво за проектирање, градежништво, инженеринг и други деловни активности ВЕКТОР 90 Томе ДООЕЛ Струмица.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов