Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – Урбанизам со постапка бр.60074 од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци, за одобрување Планска програма за изработка на Урбанистички план за вон населено место за хотелски комплекс и викенд населба м.в.„Џумаја“ КО Козбунар Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска програма за изработка на Урбанистички план вон населено место за хотелски комплекс и викенд населба м.в.„Џумаја“ КО Козбунар Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков, за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Планска програма за изработка на Урбанистички план вон населено место за хотелски комплекс и викенд населба м.в.„Џумаја“ КО Козбунар Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Планска програма за изработка на Урбанистички план за вон населено место за хотелски комплекс и викенд населба м.в.„Џумаја“ КО Козбунар Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 14,6 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-424/2 од 04.03.2024г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска програма за изработка на Урбанистички план вон населено место за хотелски комплекс и викенд населба м.в.„Џумаја“ КО Козбунар Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 14,6 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска програма за изработка на Урбанистички план вон населено место за хотелски комплекс и викенд населба м.в.„Џумаја“ КО Козбунар Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 14,6 ха, со тех.бр.4004 од Февруари 2024 год. изработен од Друштво за производство, трговија и услуги ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов