Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.55157 од ДГТИ ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш за одобрување Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Г2.1 – лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи на дел од КП бр.1131/2 и КП бр.1162 КО Раклиш вон град – Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Г2.1 – лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи на дел од КП бр.1131/2 и КП бр.1162 КО Раклиш вон град – Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од ДГТИ увоз – извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш со ЕМБС 5209790 и седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш со управител Јован Костадинов за инвеститор ДПГТ ТЕХНИКА ДООЕЛ Радовиш со управител Наумче Петрушевски, за одобрување Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Г2.1 – лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи на дел од КП бр.1131/2 и КП бр.1162 КО Раклиш вон град – Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023 год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Г2.1 – лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи на дел од КП бр.1131/2 и КП бр.1162 КО Раклиш вон град – Општина Радовиш.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-1356/1 од 06.10.2023г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Г2.1 – лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи на дел од КП бр.1131/2 и КП бр.1162 КО Раклиш вон град – Општина Радовиш, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна Програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Г2.1 – лесна градежна индустрија со производство на градежни елементи на дел од КП бр.1131/2 и КП бр.1162 КО Раклиш вон град – Општина Радовиш со тех.бр.088/2023-У од Септември 2023год. изработен од ДГТИ увоз – извоз ДОМИНГ ЈТД Јован Костадинов Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов