Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.64307 од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)kV подземен електричен (кабелски) вод од планиранаTC 10(20)/0.4kV „Џет Солар“ до постојна ТС „Марлада“ 10(20)/0.4kV КО Радовиш, КО Раклиш и КО Раклиш вон град – Oпштина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)kV подземен електричен (кабелски) вод од планиранаTC 10(20)/0.4kV „Џет Солар“ до постојна ТС „Марлада“ 10(20)/0.4kV КО Радовиш, КО Раклиш и КО Раклиш вон град – Oпштина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш со ЕМБС 5209790 и седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш со управител Јован Костадинов, за инвеститор ДПУТ ЏЕТ СОЛАР ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)kV подземен електричен (кабелски) вод од планиранаTC 10(20)/0.4kV „Џет Солар“ до постојна ТС „Марлада“ 10(20)/0.4kV КО Радовиш, КО Раклиш и КО Раклиш вон град – Oпштина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)kV подземен електричен (кабелски) вод од планиранаTC 10(20)/0.4kV „Џет Солар“ до постојна ТС „Марлада“ 10(20)/0.4kV КО Радовиш, КО Раклиш и КО Раклиш вон град – Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 3223 м2 и должина на траса 1613 м.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.09-215/1 од 06.02.2025г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)kV подземен електричен (кабелски) вод од планиранаTC 10(20)/0.4kV „Џет Солар“ до постојна ТС „Марлада“ 10(20)/0.4kV КО Радовиш, КО Раклиш и КО Раклиш вон град – Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 3223 м2 и должина на траса 1613 м, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24 и 224/24).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)kV подземен електричен (кабелски) вод од планиранаTC 10(20)/0.4kV „Џет Солар“ до постојна ТС „Марлада“ 10(20)/0.4kV КО Радовиш, КО Раклиш и КО Раклиш вон град – Oпштина Радовиш, со површина на проектен опфат 3223 м2 и должина на траса 1613м., со тех.бр.096/2024-У од 08.2024 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов