Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено во E – урбанизам со постапка бр.60140 од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вон.гр. Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вон.гр. Општина Радовиш
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш со ЕМБС 5209790 и седиште на ул.„Илија Алексов“ бб Радовиш со управител Јован Костадинов, за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вон.гр. Општина Радовиш.
– Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш со Решение бр.09-243/5 од 11.05.2023год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вон.гр. Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 3,89 ха.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам со предлог за одобрување бр.26-436/2 од 05.03.2024г. констатира дека постапката може да се одобри, односно да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вон.гр. Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 3,89 ха, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Согласно горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вон.гр. Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 3,89 ха, со тех.бр.129/2023-у од Март 2024 год. изработен од Друштво за градежништво, трговија и инженеринг увоз-извоз ДОМИНГ ЈТД Радовиш.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов