Вечерва поради сериозноста од ширење на пожарот на планината Готен кoj ja зафати веќе и територијата на Општина Радовиш и Берово итно беше свикан состанок на кризниот штаб на Општина Радовиш во поширок состав.
На состанокот беа договорени итните мерки кои ќе се преземат за понатамошниот тек на дејствијата за спречување на огнената стихија со цел координирана и брза реакција.
Општина Радовиш ги презема сите мерки за заштита на граѓаните и упатува голема благодарност до сите учесници вклучени во гаснењето на пожарот.
Се апелира до граѓаните да бидат исклучително одговорни и внимателни и веднаш да пријават индиции на намерно опожарување.
На состанокот присуствуваа претставници од надлежните институции од Општина Радовиш, заедно со Градоначалникот Ацо Ристов и заменик директорот на ЈП “Македонски Шуми” Кире Михаилов и директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.






