Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето поднесено од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Трајче ДООЕЛ Кавадарци за одобрување Планска Програма за изработка на Измена и дополна на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 28 КО Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 0,57 ха во Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планска Програма за изработка на Измена и дополна на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 28 КО Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 0,57 ха во Општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Трајче ДООЕЛ Кавадарци со ЕМБС 4129105 и седиште на ул.„Народна младина“ бр.3 Кавадарци со управител Трајче Грков за инвеститор Општина Радовиш, за одобрување Планска Програма за изработка на Измена и дополна на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 28 КО Радовиш за КП бр.3857 и КП бр.3858 во сопственост на Република Македонија, со површина на проектен опфат од 0,57 ха во Општина Радовиш.
Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот со Решение бр.09-232/1 од 01.02.2022год. го разгледа барањето за одобрување на одобрување Планска Програма за изработка на Измена и дополна на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 28 КО Радовиш, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 0,57 ха во Општина Радовиш.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам констатира дека постапката може да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Измена и дополна на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 28 КО Радовиш, Општина Радовиш, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на Измена и дополна на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД УБ 28 КО Радовиш, Општина Радовиш со тех.бр.3995 од Мај 2023год. изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ Трајче ДООЕЛ Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов