Советот на општина Радовиш денеска ја одржа својата шеста седница со дневен ред од 25 точки и 9 точки како дополнување на дневниот ред.
На почетокот на Седницата имаа можност советниците да поставуваат советнички прашања на кои одговор даде Градоначалникот Љупче Почивалец. Седницата ја водеше Претседателот на Советот Гоце Дединец.
Во дневниот ред советниците на денешната седница разгледаа и усвоија повеќе Предлог Одлуки и Предлог Заклучоци.











