бр. 26 -915/9
27.09.2023 год
СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за
ДУП УБ 8-дел и УБ 9-дел (плански период 2022-2027), Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш
Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20 и 111/23), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02) , Градоначлникот на Општина Радовиш ги известува:
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Радовиш организира Јавна презентација и Јавна анкета за Нацрт – Детален урбанистички план УБ 8-дел и УБ 9-дел, со тех.бр. 02/2022 од Јули 2023г., изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија, Скопје.
Граници на планскиот опфат е
– на Источната страна се движи по осовината на „Новопланирана 1 “, продолжува по
осовината на „Новопланирана 4’ и „Новопланирана 5“ од важечки план.
– на Јужната страна ја пресекува КП 3928/3, потоа се движи по јужната страна на КП
3927/1, КП 3927/4, КП 3909/6, КП 3909/5, КП 3909/4, КП 3909/3, КП 3909/2, КП 3909/1,
КП 3908/1, КП 3908/9, КП 3908/12,потоа ја пресекува КП 3933/1, потоа повторно се
движи по јужната граница на КП 3933/3, потоа ја пресекува КП 3933/2, потоа
продолжува по јужните граници на КП 3935/1, КП 3936/1, КП 3937/4, КП 3937/1, КП
3937/3, КП 3938/1 , продолжува по Источната граница на КП 3939/3 , КП 3939/4, КП
3940/1.
– На Јужната страна се движи по осовина на постоечкиот канал на наводнување
– На Северо-Западна страна се движи по осовина на Бул.Александар Македонски.
Јавна анкета за Нацрт – Детален урбанистички план УБ 8-дел и УБ 9-дел, со тех.бр. 02/2022 од Јули 2023г., изработен од ИН-ПУМА Институт за урбанизам, сообраќај и екологија, Скопје, ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/), се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 14.00 ха.
Јавната анкета ќе трае 32 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 02.10.2023г. до 02.11.2023г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 10.10.2023г. во 11:00 часот во простории на Мала сала на Општина Радовиш. Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
Марија Илиева
Надица Пранговска
ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов