СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за
ДУП за дел од урбан блок 21 (плански период 2022-2027),
Нацрт план, КО Радовиш, Општина Радовиш
Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02), Градоначлникот на Општина Радовиш ги известува:
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Радовиш организира Јавна презентација и Јавна анкета за Нацрт – Детален урбанистички план за дел од урбан блок 21, со тех.бр. 0701-10/1 од Септември 2024г., изработен од ДГПИ МАНСАРД, Гевгелија.
Граници на планскиот опфат е
-На исток се движи по граница на КП 813/2, па ја сече КП 848/3, КП 647, КП 640/2, се
движи по граница на КП 647;
– На југ се движи по граница на КП 640/2, КП 640/3, КП 640/1, КП 244, КП 245, КП 327, па
ја сече КП 568, КП 328, КП 329;
– На запад се движи по осовина на ул. Коха Баир согласно Измена и дополна на ГУП на
Град Радовиш (2009-2019), донесен со Одлука бр.07-261/1 од 31.01.2012 год.
– На север се движи по граница на Измена и дополна на ГУП на Град Радовиш (2009 –
2019), донесен со Одлука бр.07-261/1 од 31.01.2012 год., односно граница на КП 568, КП
221/3, КП 221/1, КП 221/2, КП 223/1, КП 811/2, КП 813/2, па ја сече КП 232.
Јавна анкета за Нацрт – Детален урбанистички план за дел од урбан блок 21, со тех.бр. 0701-10/1 од Септември 2024г., изработен од ДГПИ МАНСАРД, Гевгелија., ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/),се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 3.017 ха.
Јавната анкета ќе трае 31 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 01.10.2025г. до 31.10.2025г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 24.10.2025г. во 11:00 часот во простории на Општина Радовиш. Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
Марија Илиева ГРАДОНАЧАЛНИК
Надица Пранговска Ацо Ристов