СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета за Урбанистички план вон населено место со намена викенд населба К.О. Козбунар, Плачковица, Општина Радовиш, (со плански период 2023-2028), Нацрт план, КО Козбунар , Општина Радовиш
Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 3 од Законот за локална самоуправа („Сл. в. на РМ“ бр.5/02), Градоначлникот на Општина Радовиш ги известува:
Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Општина Радовиш организира Јавна презентација и Јавна анкета за Нацрт – Урбанистички план вон населено место со намена викенд населба К.О. Козбунар, Плачковица, Општина Радовиш, со тех.бр. 4004 од Октомври 2025г., изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Граници на планскиот опфат е
– од северната и североисточната страна, планскиот опфат се граничи
со катастарските парцели: КП бр: 1630, 1631, 1632, 1633, 1634, 1628,1629, и дел од КП 179.
– на источната страна, планскиот опфат се граничи со западните граници на КП бр. 166-дел, 1638-дел, 1639-дел, 1645/1.
– на јужната страна се граничи со границите на КП бр: 1648, 1649, 1650,1644, 1642 и јужната граница на 1657.
– од западната страна, планскиот опфат се граничи со западната граница на КП бр.1657, КП 1652-дел, 1653-дел и 1655-дел.
Јавна анкета за Нацрт – Урбанистички план вон населено место со намена викенд населба К.О. Козбунар, Плачковица, Општина Радовиш, со тех.бр. 4004 од Октомври 2025г., изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци ќе се спроведува преку информацискиот систем на е – урбанизам (https://www.e-urbanizam.mk/),се објавува на официјалната страна на Општина Радовиш (https://radovis.gov.mk/ ), огласна табла на Општина Радовиш и преку соопштенија во подрачјето на планскиот опфат.
Површината која ја опфаќа опишаната граница на прелиминарниот плански опфат изнесува 15.47 ха.
Јавната анкета ќе трае 31 дена од денот на објавувањето на Соопштението и истиот ке трае од 24.12.2025г. до 23.01.2026г, а јавната презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 29.12.2025г. во 11:00 часот во простории на Општина Радовиш. Во споменатиот рок, можат да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во писмена и електронска форма преку информатички систем на е – урбанизам.
Сузана Ѓоргиева ГРАДОНАЧАЛНИК
Љупче Почивалец
Надица Пранговска






