бр. 26 -903/
11.12.2024 год
Врз основа на член 62 став(10) Законот за урбанистичко планирање („Сл. в. на РСМ“ бр. 32/20, 111/23, 171/24 и 224/24), Општина Радовиш објавува :
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВЕН УВИД
Соопштение за организирање јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш
Врз основа на член 62 став(10) Законот за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш.
Јавниот увид трае 15 дена, од 12.12.2024 до 26.12.2024 год.
Во наведениот рок јавноста има можност да достави свои забелешки во однос на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1 – Сообраќајни линиски и други инфраструктури, КО Радовиш вонград, Општина Радовиш, на адреса Бул.“А.Македонски“, бр.7 Радовиш, како и на е – адреса – www.radovis.gov.mk.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам од членот 38 од Законот за Урбанистичко планирање, која составува записник со образложенија за прифатените и неприфатените забелешки, што се објавува на службената веб страна на општината.