Креирањето на локалните политики претставува процес кој има за цел да изнајде решенија за предизвиците со кои се соочува локалната заедница.
Заради подготовка на годишните Програми за работа и на Буџетот на општина Радовиш за 2025 год., денес во Салата на Советот на општина Радовиш се одржа состанок со спортски клубови, како и со здруженија на граѓани и невладини организации од областа на културата, социјалата, здравството и хуманитарните активности, екологијата и заштита на животната средина и др.
На состанокот беа потенцирани одредени проблеми со кои се соочуваат здруженијата како и предлози и идеи од областа во кои дејствуваат, се со цел заеднички да се придонесе во подобрување на културно-забавниот живот, спортските активности, хуманитарно-социјалните и здравствените активности, образовните, еколошките и сите други активности поврзани со јавното дејствување во нашата општина.