Денеска беше реализирана завршната фаза од санацијата на оштетениот асфалт и крпењето на ударните дупки во Радовиш, при што улиците „Ванчо Прќе“ и „Пере Тошев“ целосно добија нов асфалтен слој.
Овие активности се дел од претходно склучениот договор за одржување, реконструкција и надградба на постојниот асфалтен коловоз во градот и населените места, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура.










