Согласно оперативниот план на Владата на Р.С.М. за 2023 година, донесената Програма за измена на Програмата за активноси на општина Радовиш од областа на социјалата,детската и здравствената заштита за 2023 од Советот на општина Радовиш бр: 08-1143/1 од 11.07.2023 год. и донесеното Решение за формирање на Комисија на Градоначалникот на Општина Радовиш, Комисијата распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 7 (седум) работници за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци за населените места : Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Јаргулица, Подареш и Ораовица
I.Услови за пријавување:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 21.07.2023 а најдоцна до 27.07.2023 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.
Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на општина Радовиш во Архива секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.
- Права и обврски на лицата
-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е финансиска поддршка во износ од 13.000 (тринаесет илјади) денари месечно за едно ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
-За време на вршењето на јавните работи, ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
-Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 5 месеци и тоа од 01.08.2023 год. до 31.12.2023 год.
Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:
-Одржување на градските и руралните паркови;
-Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
-Одржување и чистење на речните корита и зелените површини покрај стамбените згради;
-Чистење на локалните патишта и улици и чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
-Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација
Комисија за јавни работи
Претседател: Љупче Почивалец
21.07.2023 год.,Радовиш