Согласно Законот за даноците на имот на РСМ и Законот за општата управна постапка (Сл.весник на Р. Македонија бр.124 од 23.07.2015 година член 80) Општина Радовиш објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на лица кои ќе вршат достава на решенија за данок на имот до граѓаните на Општина Радовиш. Работното ангажирање ќе биде во периодот од мај до септември и ќе се добива надоместок по учинок.
Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација и телефон за контакт.
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 7 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 25.05.2023 година (четврток).
Барањата може да се достават во просториите на Општина Радовиш бул. А.Македонски бр.7 соба бр.8 Одделение за даноци, такси и надоместоци или на е-маил адреса danocno@radovis.gov.mk
17.05.2023
Градоначалник
Ацо Ристов