Врз основа на член 20, 21 и 22 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр.05/02), член 14, 15 и 43 од Статутот на Општина Радовиш („Службен гласник на Општина Радовиш „ бр. 07-765/1, 15.10.2002), Правиликот бр.09-696/1 од 27.05.2024 година донесен од страна Советот на Општина Радовиш, Програмата за Локален економски развој за 2024 година бр.09-90/14 од 29.01.2024 година на Општина Радовиш и Решение бр.09-815/1 од 19.06.2024 година издадено од страна на Градоначалникот на Општина Радовиш за формирање на комисија за спроведување на постапка за субвенционирање на физички лица за купен велосипед, Градоначалникот на општина Радовиш објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За користење на финансиски средства од буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, за субвенционирање на физички лица – жители на Општина Радовиш за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед согласно Програмата за Локален Економски Развој, на Општина Радовиш за 2024 година.
Содржина на јавниот повик
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година ќе се доделуваат на физички лица – жители на Општина Радовиш по поднесено барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед.
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица кои ќе набават-купат велосипед од минимум 26” (инчи) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.
На барателот/физичкото лице ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката/купувањето на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето. Јавниот повик ќе се реализира по принципот “Прв дојден, прв услужен“. Јавниот повик се преќинува доколку се утврди дека се исцрпени сите предвидени финансиски средства пред официјалниот истек на јавниот повик, при што Општина Радовиш ќе ја информира јавноста на својата веб страна и на огласната табла дека повикот се преќинува поради исцрпеност на предвидените финансиски средства и дека повеќе нема да се примаат барања за овој повик.
Право на поднесување на барање
Право на поднесување на барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед имаат сите физички лица со живеалиште во Општина Радовиш, кои ги исполнуваат условите на овој јавен повик. Право на поднесување на барање за субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед немаат вработените во ЕЛС Општина Радовип и нивното потесно семејство (лицата во брачна заедница и нивните деца).
Критериуми за физичките лица кои ќе поднесат барање на овој повик се:
Да се жители на Општина Радовиш;
Да немаат добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Р. С. Македонија (не го искористилес правото на субвенционирање по овој основ);
Велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик;
Потребна документација:
Барање за субвенција (барањето со изјавите може да се подигнат во архивата на општина Радовиш или на веб страната на Општина Радовиш);
Фотокопија од важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Радовиш;
Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
Доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ;
Изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Р.С.Македонија и дека велосипедот нема да го оттуѓи за период од 2 (две) години;
Изјава за користење на лични податоци;
Поднесување на барањето:
Барањето со пропратната документација треба да биде доставено во затворен плик.
Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од објавувањето на јавниот повик сметано од 28.06.2024 година а заклучно до 28.07.2024 година, секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:
Општина Радовиш, Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш
На пликот во горниот лев агол треба да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување на велосипед.“
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Физичките лица/Барателите ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Решението за субвенционирање на физички лица-жители на општина Радовиш за купен велосипед.
Лица за контакт:
Лазар Газепов, Игор Чапов и Сашка Манева Арсова.
Комисија за спроведување на постапка
Тел: 032617700
Е-Mail: radovis@radovis.gov.mk
ОПШТИНА РАДОВИШ, ГРАДОНАЧАЛНИК
Ацо Ристов