За потребите на Проектот за поврзување на локални патишта (Проектот) кој е финансиран со средства од Светска Банка, општина Радовиш во Единицата за имплементација на Проектот при Министерство за транспорт и врски има аплицирано со под-прокет за „Надградба на локалниот пат Малешевски Пат во населено место Подареш, Општина Радовиш“ за што е изготвен План за управување со животна средина и социјални аспекти согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти на Проектот и Стандардите за животна средина и социјални аспекти на Светска Банка.
За изготвениот драфт ПУЖССА организираме јавна презентација и консултација на ден 19.07.2023 година во 11.00 часот во просториите на општина Радовиш.
Ја информираме засегнатата и заинтересирана јавност за настанот за да биде присутна и даде свое мислење.
Дадените документи на линкот се објавени подолу.