27. седница на Советот на општина Радовиш денеска беше со дневен ред од 50 точки, и предложени 3 точки од дополнувањето на дневниот ред.
Советниците имаа можност да разгледуваат и дебатираат за голем број на Предлог-програми и Предлог-одлуки, но на почетокот имаа можност да постават Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов.
На оваа седница беше верифициран мандат на новиот член на Советот Лујза Спасова.
Седницата ја водеше Претседателката на Советот Моника Трајанова.