Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- За планскиот документ ДУП – дел од УБ 28, со намена А1, В3, Д2, Е1, во КО Радовиш, општина Радовиш, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на општина Радовиш, www.radovis.gov.mk
- Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП – дел од УБ 28, со намена А1, В3, Д2, Е1, во КО Радовиш, општина Радовиш, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока уреденост на просторот. Се иницираат градежни активности за реализација на градби во рамките на градежните парцели, со чија реализација и уредување на парцелите се придонесува на квалитетот на уреденост на градот. Градежните парцели се развиваат согласно современите урбанистички принципи со класа на намена A1 – домување во станбени куќи, В3-комплекси за културни дејности и забава, Д2-заштитно зеленило, Е1-комунална инфраструктура. Сите слободни површини од парцелите хортикултурно да се уредат со зеленило. Со разработка на блокот се врши подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
- Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
- Прифатена Одлука за неспроведување на стратегиска оцена – дел од УБ 28
- Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена
- Формулар со податоци за плански документ