Согласно оперативниот план на Владата на Р.С.М. за 2025 година, Програмата за активности на општина Радовиш од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2025 бр: 08-1786/2 донесена на Советот на општина Радовиш на 23.12.2024 год. и предвидените средтсва во Буџетот на општина Радовиш за 2025 год., Градоначалникот на Општина Радовиш, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 6 (Шест) евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа за период од 4 (четири )месеци
I.Услови за пријавување:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
Пријавувањето ќе се врши во просториите на општина Радовиш во Архива, од 31.07.2025 а најдоцна до 04.08.2025 година, секој ден од 7:30 часот до 15:30 часот.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ, од 20 часа неделно за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
- Права и обврски на лицата
-За лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани, предвидена е месечна финансиска поддршка за секое ангажирано невработено лице, во кои е вклучен персонален данок на доход, осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
-За време на вршењето на работниот ангажман , ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.Со секое од избраните лица, по извршениот избор, општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 4 месеци
Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:
Посета и давање подршка на лица кои имаат потреба од подршка и помош од друго лице . Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев
Изготвил: Роберт Донев
Контролирал: Игор Чапов
Одобрил: Љупче Почивалец
Градоначалник на општина Радовиш
Ацо Ристов