ОБЈАВА број 1/2022 од 05.09.2022 година за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Радовиш
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:
1.Дeтален урбанистички план 2 УМ. А,Б, В во Радовиш , донесен со Одлука на Совет на Општина Радовиш бр. 26-352/1 од 11.02.2015 год. со намена на градба: Г2-Лесна индустрија со компатибилна класа на намена Б1, Б2 ,Г3 и Г4 со карактеристики согласно Табеларен преглед под бр.1 во кој се дадени податоци за градежните парцели ,број на катастарски парцели опфатени со градежната парцела , намена на градба, максимална висина до венец, катност,процент на изграденост,коефициент на искористеност,вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2 ,вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
2.Дeтален урбанистички план 8 УМ. А во Радовиш , донесен со Одлука на Совет на Општина Радовиш бр. 08-1503/1 од 03.12.2021 год. со намена на градба: Г2-Лесна индустрија со компатибилна класа на намена Б1, Б2 ,Г3 и Г4 со карактеристики согласно Табеларен преглед под бр.2 во кој се дадени податоци за градежните парцели ,број на катастарски парцели опфатени со градежната парцела , намена на градба, максимална висина до венец, катност,процент на изграденост,коефициент на искористеност,вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2 ,вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
3.Дeтален урбанистички план 3 во Радовиш , донесен со Одлука на Совет на Општина Радовиш бр. 08-388/1 од 02.03.2020 год. со намена на градба: Г2-Лесна индустрија со компатибилна класа на намена Б1, Г3 и Г4 со карактеристики согласно Табеларен преглед под бр.3 во кој се дадени податоци за градежните парцели ,број на катастарски парцели опфатени со градежната парцела , намена на градба, максимална висина до венец, катност,процент на изграденост,коефициент на искористеност,вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2 ,вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.
4.Дeтален урбанистички план 9.2 во Радовиш , донесен со Одлука на Совет на Општина Радовиш бр. 08-1473/1 од 31.08.2015 год. со намена на градба: А1-Семејно домување со компатибилна класа на намена Б1 до 30% со карактеристики согласно Табеларен преглед под бр.4 во кој се дадени податоци за градежните парцели ,број на катастарски парцели опфатени со градежната парцела , намена на градба, максимална висина до венец, катност,процент на изграденост,коефициент на искористеност,вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, почетна цена по м2 ,вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.