Денеска по повод утрешниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание, во Радовиш на споменикот на паднатите борци од НОВ беше положено свежо цвеќе и одадена почит кон загинатите од народно ослободителната војна.
Делегација од општина Радовиш положи свежо цвеќе, ито така и повеќе делегации: делегација на Советот на општина Радовиш, делегација на Сојузот на борците, делегација на политичките партии, делегација на пратеникот во собранието, делегација на Здружението на пензионери и делгација на ПС Радовиш.
Исто така свежо цвеќе беше положено и на споменикот на Ацо Караманов.