На 10-та седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) со градоначалниците членови на Управниот одбор, се разгледа Одлуката за преземање мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија донесена од страна на Владата и година и едногласно се донесе одлука за покренување иницијатива пред Уставниот Суд на Македонија за оцена на уставноста на оваа владина одлука.
Членовите на Управниот одбор повторно ја истакнаа состојбата во која се наоѓаат општините со покачувањето на цената на електричната енергија во поглед на комуналната такса, се предложија можни решенија за надминување и се донесе заклучок за доставување соодветно барање до Регулаторната комисија за енергетика за постапување по однос на заклучоците.