Општина РАДОВИШ
Бр. 09-1707/3
од 14.11.2022год.
Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето за одобрување Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 3219,67 м2, во Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Планската Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 3219,67 м2, во Општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 3219,67 м2, во Општина Радовиш.
Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот со Решение бр.09-232/1 од 01.02.2022год. го разгледа барањето за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана која се гради на земја на КП бр.2022 КО Калугерица, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат од 3219,67 м2, во Општина Радовиш. По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам констатира дека постапката може да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за КП бр.2022 КО Калугерица, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Планска Програма за изработка на Урбанистички Проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површинска фотоволтаична електрана, со тех.бр. 023-0109/2022 од 09.2022год. изработен од ДПГИ „ВЕКТОР 90“ Томе Дооел, Струмица.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: Елена Стефановска
Градоначалник Ацо Ристов