УСАИД ги зајакнува капацитетите на општините зауправување со јавните финансии и одговорно локално владеење
Општина Радовиш партнер-општина на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на 2 декември 2022 година, присуствуваше на Вториот годишен форум за локална самоуправа ”Партнерство за одржливи локални самоуправи“.
На форумот, беа презентирани измените и дополнувањата на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со посебен осврт на финансиската нестабилност, Водичот за постапување на општините во услови на финансиска нестабилност и Кодексот за активна транспарентност на локално ниво, изработени од Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Исто така,беа презентиранипрепораките заефикасно следење на финансиската состојба на општината, навремено откривање на условите за настанување на финансиска нестабилност на општината, како и креирање и спроведување мерки кои би и’помогнале на општината за брзо надминување на финансиските проблеми и враќање на општината во услови на нормално финансиско работење.
На форумот воведни обраќања имаа: заменикот шеф на Мисијата во амбасадата на САД, г. Ерик Мејер, министерот за финансии, г. Фатмир Бесими и министерот за локална самоуправа, г. Ристо Пенов, и Бардул Марку,директор на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
На настанот присуствуваа претставници од институциите на централната власт, градоначалници, претставници на Собраниската комисија за локална самоуправа, Здружението на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Државниот завод за ревизија, и претставници од донаторската заедница.
Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурситее петгодишен проект (2021-2026) којги поддржува општините во зголемување на сопствените извори на приходи, обезбедување поголемо надворешно финансирање и поефикасна реализација на општинските буџети. Дополнително во соработка со локалната и централната власт, ја подржува нивната заложба за унапредување на децентрализацијата и јакнење на општинските надлежности.Досега 39 локални самоуправи се вклучени во проектните активности, а се очекува до крајот на проектот, да бидат опфатени сите останати.За да ја постигне оваа цел, Проектот тесно соработува со Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа и е во координација со другите донатори и ЗЕЛС.
Повеќе за Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите посетете го линкот на Фејсбук: https://www.facebook.com/SRMANorthMacedonia