Бр.09-499/3
од 09.03.2023год.
Градоначалникот на Општина Радовиш, решавајќи по барањето за одобрување Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.20 во ДУП УБ 8 и 9 дел, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 1,37 ха во Општина Радовиш, врз основа на член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Сл.в. на РМ бр.32/20) го донесе следното:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.20 во ДУП УБ 8 и 9 дел, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 1,37 ха во Општина Радовиш.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До Општина Радовиш доставено е барање за одобрување Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.20 во ДУП УБ 8 и 9 дел, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 1,37 ха во Општина Радовиш.
Комисијата за урбанизам формирана од страна на Градоначалникот со Решение бр.09-232/1 од 01.02.2022год. го разгледа барањето за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.20 во ДУП УБ 8 и 9 дел, Општина Радовиш, со површина на проектен опфат 1,37 ха во Општина Радовиш.
По разгледувањето на барањето, без забелешки, Комисијата за урбанизам констатира дека постапката може да продолжи.
Градоначалникот на Општина Радовиш по извршениот увид на приложената документација за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.20 во ДУП УБ 8 и 9 дел, Општина Радовиш, констатира дека се исполнети условите за одобрување согласно Законот за урбанистичко планирање (‘’Сл.в. на РМ’’ бр.32/20).
Соглсано горенаведеното Градоначалникот на Општина Радовиш донесува Решение со кое се одобрува Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.20 во ДУП УБ 8 и 9 дел, Општина Радовиш, со тех.бр. 3973 од Март 2023год. изработен од ДПТУ ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕЊЕРИНГ Трајче ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци.
Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.
УПАТСТВО ЗА ПРАВНА ПОУКА: Против ова решение може да се изјави посебна жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областуредување на просторот.
Жалбата се таксира согласно закон за административни такса.
Изработил: ГРАДОНАЧАЛНИК
Елена Стефановска д.п Ацо Ристов